Наноси од земја и камен ги блокира Долно и Горно Косоврасти

Денешните обилни врнежи од дожд создадоа големи наноси од  земја и камен кои целосно го бликираа патот за селата Долни Косоврасти и Горно Косоврасти но и локалнитетот на Дебарските бањи во Косоврасти. Наносите нанесоа и матријални штети на возила кои биле во моментот во овој дел на патот .

Раководителот на единицата на државното претпријатие за патишта во Дебар Деар Лимановски за ,,Либертас,, изјави дека станува збор за големо наноси , кои до сега не се забележани во овие размери . ,, Наносите се големи од земја и камен, и екипи на државното претпријатие за магистрални и регионални патишта ,заедно со маханизација која ја обезбеди локалната власт на Дебар од одредени компании , работаат на чистење на овие големи наноси ,, вели Лимановски и додава дека при поројни дождови овој проблем со блокирани патишта е редовен но не од вакци огромни наноси .  Поради големите наноси и блокиран пат проблеми има и со фрекфенцијата на туристи кои се сместени во хаотелските капацитети на Дебарските Бањи Цапа во локалитетот во Косоврасти .

На местото на настанбот беше и градоначалкнот на Дебар хекуран Дука кој изјави дека веднаш по големите наноси екипи организирани од локалната самоуправа дојдоа на местото на настанот . Според него силниот дожд нанесе големи проблеми и во делови на патните правци кон граничниот премин Блато на македонско албанската граница , потоа Струга каде има големи одрони на патот ,а има и штети во неколку населби во градот .

К.М.

Back to top button
Close