Наоми Кемпбел доби почесен докторат за влијанието врз модата

Доктор Наоми Кемпбел. Вчера, легендата на манекенството се закити со почесен докторат за нејзиното влијание врз модната индустрија од Универзитетот за креативни уметности во Велика Британија.

Да се каже дека Кемпбел – скаутирана на 15-годишна возраст, сега 52-годишна – остави траен белег на глобалната модна индустрија е потценување. Од нејзината посветеност на активизмот и добротворната работа до голем број први работи – таа беше првата црна манекенка која се појави на насловната страница на „Тајм“, францускиот „Вог“ и рускиот „Вог“ – супермоделот родена во Лондон има сериозно долга листа на достигнувања што ѝ го заработија статусот на фамилијарно име, а сега и почесна диплома за тоа.

Back to top button
Close