Напаѓачот на Макрон сместен во психијатриска болница

19-годишниот студент кој вчера фрли јајце врз францускиот претседател Емануел Макрон, по извршен преглед беше сместен во психијатриска болница, соопшти денеска обвинителството во Лион.

Јајцето го погодило Макрон во рамото додека тој бил во посета на саемот за храна во Лион и се одбило од францускиот претседател без да се скрши, објавија агенциите.

Отворена е истрага против млад човек кој пукаше во претседателот на Франција поради напад на јавно место, објави Обвинителството.

Студентот бил подложен на психијатриска евалуација која утврдила потреба од хоспитализација на лицето, се наведува во денешното соопштение на обвинителството.

Напаѓачот на претседателот Макрон претходно не бил во судир со законот.

Back to top button
Close