Напаѓачот на новинарите на „ТВ 24“ призна вина, пресудата во петок

Фото: ТВ24 / принтскрин

Пенов физички го нападна снимателот Љубиша Игнатов, а упати и вербални напади кон новинарот Александар Тодески, додека тие снимаа инсерти пред куќата во која беше пријавено живеалиштето контроверзниот украински олигарх Олександар Онишченко. Пенов упати и јавно извинување до снимателот за физичкиот напад врз него.

Се чувствувам виновен и се каам за стореното дело. Скоро четири дена бев под опсада и малтертирање од повеќе телевизиски екипи. Јас сум болен човек и примам терапија. Јас упатував пцовки, но и снимателот исто така. Со новинарот немав никаков проблем. Искрено се извинувам за стореното дело.

Во текот на денешното рочиште и изведувањето на доказите, одбраната на Пенов изнесе повеќе докази за неговата здравствена состојба, а адвокатот Драган Георгиев рече оти се надева дека судот ќе ги земе предвид и овие околности.

По завршувањето на денешното рочиште, судијката Билјана Коцевска посочи дека пресудата за овој случај ќе биде изречена на 16 декември со почеток во 10 часот.

Back to top button
Close