Напаѓачот на Пендиков е на слобода


Репорортерот на БГНЕС јави дека напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“, Илија Спасески е на слобода.

Спасески во моментов е дома, но со одземен пасош,а судот ја преиначи мерката „притвор“ по истекот на рокот од 30 дена.

На 19 јануари, во кафе-бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и со нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, стои во обвинението.

Back to top button
Close