Напаѓачот на словачкиот премиер осуден на 21 година затвор
Специјализираниот кривичен суд во градот Банска Бистрица го осуди 72-годишниот Јурај Цинтула, кој се обиде да го убие премиерот на Словачка Роберт Фицо во мај 2024 година, на 21 година затвор.
– Цинтула е осуден на 21 година затвор за терористички напад – објавува словачки весник.
– Advertisements –
На 15 мај 2024 година, Цинтула пукаше неколкупати во Фицо кога премиерот на Словачка излезе меѓу граѓаните собрани пред културниот центар во градот Хандлова (во централниот дел од земјата), каде што на терен се одржувала владина седница.
Полицијата го уапси напаѓачот на лице место.
Судењето започна на 8 јули и се одржа во градот Банска Бистрица.