Teрористот од Крајстчрч планирал и трет напад

Терористот кој на 15 март минатата година уби 51 лице во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, планирал и трет напад, откриено е за време на судењето.

Брентон Тарант планирал да запали џамии, со цел „да предизвика што е можно повеќе смртни случаи“, пренесува Би-Би-Си.

Тарант се изјасни за виновен за 51 обвинение за убиство, 40 обвиненија за обид за убиство и едно за тероризам.

Дваесет и деветгодишниот Тарант се соочува со доживотен затвор без можност за условна казна, а таква казна никогаш не била изречена во Нов Зеланд.

Тарант сними и пренесуваше дел од нападот врз џамиите во живо на Интернет. 

Back to top button
Close