Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.

Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.

Градоначалникот на Руан Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.

Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците застрелал маж кој бил вооружен со нож и железна шипка

Back to top button
Close