Напад со нож во близина на резиденцијста на Шолц, Брза помош и хеликоптер на терен, три лица во тешка состојба 

Четири лица се повредени во напад со нож во Берлин, недалеку од резиденцијата на канцеларот Олаф Шолц, пишува Билд.

Нападот се случил вечерва околу 20:40 часот во паркот Шрибоген, во близина на мостот Густав Хајнеман, недалеку од резиденцијата на канцеларот, јавуваат германските медиуми. Беше објавено дека три лица се хоспитализирани со сериозни повреди. Според Билд, на местото на нападот имало голем број амбулантни возила, па дури и спасувачки хеликоптер. Осомничениот е уапсен во близина на Главната железничка станица.

Според првичните информации, причина за инцидентот е расправија

Back to top button
Close