(ВИДЕО) Напад со нож во Франција, Макрон вели дека чинот е исламистички тероризам
Едно лице е убиено, а двајца полицајци се тешко повредени во напад со нож за време на протест во источна Франција, соопшти локалното обвинителство.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „без сомнение, станува збор за чин на исламистички тероризам“.
Напаѓачот нападнал полицајци во градот Милуз, извикувајќи „Алаху Акбар“, објави Националното обвинителство за борба против тероризмот (PNAT). При нападот загинал случаен минувач кој се обидел да интервенира.
Осомничениот, кој бил уапсен, бил на списокот за терористички закани, изјави обвинителот Никола Хец. Станува збор за база на податоци создадена во 2015 година по нападите врз редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ и еврејска продавница.
Еден од тешко повредените полицајци има повреда на каротидната артерија, а другиот на градниот кош, додаде Хец.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо беше најавено дека ќе ја посети локацијата на нападот во текот на денот.
🇫🇷 Otro atentado en Mulhouse, Francia. En el ataque con cuchillo ha muerto una persona y otras cinco han sido heridas.
Según varios medios franceses, se trataría de un inmigrante con una orden de expulsión vigente. pic.twitter.com/kC7vc0Cxed
— Roberto Vaquero (@RobertoVaquero_) February 22, 2025
Полицијата воспостави безбедносен кордон откако нападот се случил малку пред 16 часот, за време на протест во знак на поддршка за Конго.
Според полициски извори, осомничениот е државјанин на Алжир, кој бил под судски надзор, во куќен притвор и со наредба за депортација од Франција.
Градоначалничката на Милуз, Мишел Лиц, изјави дека „ужасот го потресе градот“ и додаде дека нападот се истражува како терористички акт, но конечната одлука ја има судството.
Француското обвинителство за борба против тероризмот (PNAT) ја презеде истрагата.