Напад во Берлин: Автомобил влетал меѓу луѓе, над 30 се повредени, а загинa едно лице

Најмалку едно лице загина, а околу 30 се повредени откако автомобил влета меѓу луѓе во близина на црква во Берлин.

Возилото налетало на луѓето при што повредени се голем број лица, односно над 30, а најмалку едно го загубило животот.

Според наводи на полицијата во Берлин, несреќата се случила околу 10:30 часот, во близина на познатата улица Кудам и црквата Кајзер Вилхелм. „Во моментов не знаеме дали се работи за намерен напад или за сообраќајна несреќа“, изјави полицискиот портпарол Тило Каблиц.

Дополнителни информации во моментов не се достапни.

Back to top button
Close