Напад во Лондон, пет лица се избодени, полицијата го бара сторителот
Полицијата бара сторител, откако пет лица беа избодени на забава во југоисточен Лондон, објавија британските медиуми.
Полицијата беше повикана на местото на нападот на улицата Натан Веј во Темзмид, југоисточен Лондон, во раните утрински часови.
Пет лица беа избодени и се во болница каде што добиваат третман за повредите.
Портпаролот на Метрополитенската полиција изјави: „Полицијата истражува инцидент во Темзмид утрово, каде што пет лица беа нападнати. Полицијата беше повикана на улицата Натан Веј во 4:19 часот наутро во сабота, 17 мај, по пријавите за повеќе лица повредени на настанот.“
„Полицијата пристигна на местото на настанот со амбулантно возило и пет лица беа пронајдени со убодни рани. Тие беа однесени во болница каде што се проценуваат нивните повреди. Истрагата е во тек и полицијата ќе остане на местото на настанот во текот на целиот ден. Досега нема апсења“, рече портпаролот.
Портпаролот на Лондонската служба за брза помош додаде: „Бевме повикани во 4:17 часот наутро во сабота, 16 мај, поради пријави за убод со нож во улицата Натан Веј. На местото на настанот, им пруживме прва помош на тројца пациенти пред да бидат однесени во болница.“
Маж кој работи во двор за рециклирање недалеку од местото на инцидентот се огласи на социјалните мрежи и рече дека „неколку лица се избодени со нож“.
Тој објави на Фејсбук: „Дворот ќе биде затворен денес. Преку ноќ, неколку лица беа избодени со нож, а потоа полицијата го затвори патот во двата правци.“