Нападна полицајци, па пијан кршеше инвентар во полициска станица – кривична за 29 годишник
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од с. Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „загрозување на сигурноста“ и „оштетување туѓи предмети“.

Како што информираат од МВР, на 28. минатиот месец, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, а по негово лишување оштетил дел од инвентарот во полициска станица
По извршени проверки, било констатирано дека пријавениот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили во крвта






