Нападнал полицаец откако претходно го фатиле во криумчарење на мигранти

Четириесет и четиригодишниот Н.З. од Скопје бил затекнат како во своето возило превезува десет мигранти од Авганистан и Пакистан. Како што информира полицијата, бил застанат од полициски службеници од Граничен надзор Михајлово и откако биле откриени мигрантите, Н.З. бил приведен.

При полициското службено дејствие, Н.З. физички нападнал еден од полициските службеници. Настанот се случил денеска кај клучката Неготино.

За случајот е известен јавниот обвинител, а Н.З. е приведен во Полициска станица Неготино. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Back to top button
Close