Нападнат домот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Американската полиција интервенираше во понеделник вечерта пред домот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Синсинати, откако беше пријавен вандализам на имотот.

Како што потврдија локалните власти, американската тајна служба ја повикала полицијата во 00:15 часот по локално време откако агентите забележале лице како бега во правец исток. Осомничениот бил брзо уапсен и моментално е во притвор.

 

Според соопштението од Тајната служба, еден маж скршил неколку прозорци во семејната куќа на потпретседателот, која се наоѓа во населбата Ист Волнат Хилс, на улицата Вилијам Хауард Тафт Драјв. Осомничениот бил приведен од агенти на Тајната служба, а во истрагата е вклучена и полицијата во Синсинати.

 

„Тајната служба соработува со Полициската управа во Синсинати и Канцеларијата на американскиот обвинител додека се разгледуваат можни обвиненија“, се вели во официјалното соопштение.

 

 

Back to top button
Close