Нападнат конвој на Зеленски пред средбата со грчкиот премиер Мицотакис

Силна експлозија е снимена денеска во Одеса, каде, според пишувањата на медиумите, е планирана средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јавува Анса, повикувајќи се на информации од неколку украински канали Телеграм.

На едно од видеата објавени на социјалните мрежи се гледа поворка од неколку лимузини и минибуси, наведува италијанската агенција. Според истите извори, експлозијата се случила во близина на градското пристаниште и ѝ претходела тревога за воздушен напад.

Back to top button
Close