Нападот на Раде Штекли најавен на ТикТок: „ Стиже катаклизма, љуби те брат“?

Нападот со бомба на Раде Штекли беше најавен на социјалната мрежа на ТикТот.

Имено, на ТикТок како најава е објавено видео од експлозија во Ќерамидница, а во истото меѓудругото стои коментарот „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“.

Од полицијата претходно информираа дека пријавата за експлозијата ја добиле во 09:20 часот.

-Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

Back to top button
Close