Нападот во Рединг оквалификуван како терористички акт

Британската полиција соопшти дека ќе го третира како терористички акт вчерашниот инцидент во кој три лица се убиени, а тројца сериозно повредени откако маж со нож ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија

Во официјалното соопштение се наведува дека инцидентот е прогласен за терористички напад и дека во моментов се води истрага за овој настан.

Полицијата претходно соопшти дека уапсила 25-годишен маж на тоа место под сомнение за убиство, додавајќи дека не бараат други осомничени.

Сведоците рекоа дека мажот нападнал околу 18 часот по локално време, напаѓајќи случајни минувачи во парк во Ридинг, град на околу 65 километри од Лондон.

Сведокот Лоренс Ворт за Би Би Си изјави дека напаѓачот одеднаш пошол кон група од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот почнал да бега од паркот.

Back to top button
Close