Направен лажен Фејсбук профил на градоначалник, преку кој се објавувале навреди

Во тек на вчерашниот ден во Полициско одделение Чашка, Г.С.(44) од Чашка пријавил дека на социјалната мрежа Фејсбук едно лице ги искористило неговите лични податоци и слики и објавувало содржини со непристојна и навредлива содржина.

Од СВР Велес известија дека се работи на расчистување на случајот, а како што пренесе ,,Фокус” станува збор за злоупотреба на Фејсбук профилот на градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

Навредливи коментари од лажниот профил деновиве можеа да се забележат на социјалните мрежи, по што имаше и јавни реакции од граѓани кои прашуваа дали навистина со такви коментари може да се служи еден градоначалник, или пак станува збор за злоупотреба на неговите лични податоци.

Back to top button
Close