Направена прва трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонското здравство

Донор е пациентка која имала мозочна смрт, а чие семејство вчера се согласило да ги донира органите. Покрај црниот дроб, се прави трансплантација и на бубрезите
На Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје денеска напладне била направена трансплантација на црн дроб од починат донор што е прва во историјата на македонското здравство, објави министерот за здравство Беким Сали.

Здрав црн дроб доби 60-годишен пациент кој имал хронична болест, а донор е пациентка која имала мозочна смрт, а чие семејство вчера се согласило да ги донира органите.

„Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за Гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство“ се заблагодари Сали.

Покрај црниот дроб, се прави трансплантација и на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close