„Напредни лозари”: Производителите на грозје да формираат цена за трпезните сорти

Производителите на грозје треба да формираат цена за трпезните сорти пред почетокот на бербата, смета претседателот на регионалното здружение „Напредни лозари“, Трајче Кулев.

Според него, лозарите кои ги произведуваат сортите „кардинал”, „викторија”, „афусали”, „страшински”,  „мишел”,…, како и вински сорти, треба да бидат единствени во формирањето на цената.

-За нашата мака не треба некој друг да ни ја диктира цената, а тоа се трговците прекупци кои ги има многу и неколкуте откупни пунктови низ Кавадарци и Тиквешијата. Ние како производители треба да сме задоволни од цената и пласманот, трудот да ни се исплати, вели Кулев за МИА.

Тој ги повика лозарите на заеднички состанок во најкус рок на кој, како што рече, детално би се продискутирало околу цената на грозјето.

Back to top button
Close