Народна банка го раскина договорот со ‚Бетон‘ за новата зграда

Народната банка одлучи да го раскине договорот со градежната компанија „Бетон“ за изградба на новиот објект на централната банка. Договорот е склучен уште во 2016 година, а објектот се уште не е готов. Од Народната банка потврдија за Bloomberg Adria дека дошло до раскинување на договорот, но не откриваат многу детали зошто.

Од Народната банка, не прецизираат дали ќе има нов оглас и кои се следните чекори.

„По раскинувањето на Договорот, Народната банка ги презема сите неопходни чекори за заштита на имотот на банката, како и за утврдување на можностите за завршување на градбата во блиска иднина, велат оттаму.

повеќе

Back to top button
Close