Народна Банка: Потврдата на кредитниот рејтинг силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност на државата

Народната банка денеска оцени дека потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенција „Стандард и Пурс“ е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност на државата.

– Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во извештајот се посочува на ефектите од растечките цени на енергенсите на девизниот пазар,  при што очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека овие притисоци ќе се намалуваат со постепеното намалување на цените на енергијата. Притоа, кредитната агенција укажува на приливите на странските директни инвестиции коишто се стабилни, како и на надворешното задолжувањна државата како фактори што ќе обезбедат дополнителна поддршка на девизните резерви, се вели во соопштението од Народната банка.

Во извештајот за кредитниот рејтинг се наведува дека врските на нашиот финансиски сектор со Русија се ограничени и дека не се соочивме со последици од санкциите врз подружниците на руските банкиЗабележуваат дека првичниот ефект од почетокот на војната во Украина врз депозитите е стивнат, при што Агенцијата не очекува значителни дополнителни повлекувања на депозити или нивна конверзија во странска валута. Во извештајот се нотира и дека стапката на нефункционални кредити останува ниска на 3 проценти, а стапката на адекватност на капиталот е стабилна на 17 проценти, со што тој и понатаму останува здрав и стабилен.

– Од страна на „Стандард и Пурс“ се посочува и на досега преземените мерки на Народната банка коишто се во насока на стабилизирање на инфлацијата, но и зголемување на преференците за располагање со домашна валута и дополнително зајакнување на капацитетот на банките за справување со шокови, наведува Народната банка во денешното соопштение

Back to top button
Close