Народниот правобранител ги демантира обвинувањата на Алијанса за Албанците за комуникацијата со МОН

Народниот правобранител најостро го демантира вчерашното соопштение на партијата Алијанса за Албанците, во кое се тврди дека комуникацијата помеѓу канцеларијата на Народниот правобранител и Министерството за образование и наука е водена единствено на македонски јазик од причина што истото е испратено и на албански јазик.

Имено, институцијата Народен правобранител повеќе од 17 години сите дописи, извештаи (Годишниот извештај посебните извештаи, соопштенијата за јавноста), ги преведува и на албански јазик и истите ги доставува во сите иснтитуции, единици на локалната самоуправа и медиумите кои го користат албанскиот јазик.

Исто така , во оваа прилика потсетуваме дека веб -страницата, како и официјалната фејсбук страница на институцијата се достапни како на македонски, така и на албански јазик.

Како крајно непрофесионално го оценуваме едностраното гледање на работите, од причина што било кој да побараше, па дури и политичката партија, ќе можеше да го добие дописот (кој беше објавен од страна на миниситерството за образование и наука на македонски јазик) преведен и на албански јазик.

Како потврда на ова во прилог Ви го доставуваме архивски заведениот допис и на албански јазик.

Се надеваме дека во иднина институцијата нема да биде доведена во ситуација да испраќа деманти за прашања кои како што напоменавме се апсолвирани пред повеќе од 17 години.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close