Народниот правобранител со поддршка за протестот на медиумските работници: Точната и навремена информација нема алтернатива


Народниот правобранител преку соопштение изрази поддршка за протестот на медиумските работници, новинарите, снимателите и фоторепортерите, од причина што, како што се наведува, точната и навремена инфромација нема алтернатива.

– На новинарите, или како што уште се наракува седмата сила, мора да им се обезбедат сите услови за работа/за безбедна работа, од причина што тие се најбитниот елемент во пренесувањето на информациите до граѓаните, кои имаат право да бидат информирани за сите важни случувања во државата. Професијата новинар мора да биде почитувана, а институциите мора да бидат максимално транспарентни и отворени за соработка, без разлика каков вид вести се пренесуваат, стои во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител.

Почитувањето на слободата на говорот, се додава понатаму, придонесува за градење вистинско демократско општество и од тие причини никој, никаде и од ниту една причина не смее да ги попречува точно и навремено да известуваат, а државата мора да им гарантира безбедни услови за работа.

Back to top button
Close