Народот ќе ѝ плаќа астрономски цени на бугарската компанија која ќе ги изработува промотивните материјали за Владата.
Народот ќе ѝ плаќа астрономски цени на бугарската компанија која ќе ги изработува промотивните материјали за Владата.
Од документите кои се дел од рамковната спогодба се гледа дека една фотографија која ќе ја направи компанијата ФРАЈДЕЈ КОМУНИКАЦИИ чини 1537 денари, а едно видео е над 15.000 денари. Комуникацијска кампања, пак, чини МИЛИОН И ПОЛ.

Инфомакс вчера ексклузивно објави дека генералниот секретаријат на владата склучи рамковна спогодба од 380.000 евра со компанијата ФРАЈДЕЈ КОМУНИКАЦИИ. Компанијата е во сопственост на бугарската фирма МК МЕДИЈА ГРУП ЕООД.
МК МЕДИЈА ГРУП ЕООД е бугарска компанија, основана во 2020 година, со седиште во Благоевград, Бугарија, управител е Зоран Милевски (бугарско државјанство), а сопственик е Ванчо Бошков (учествувал во основање на компанијата со македонско државјанство).
Детали прочитајте на линкот во продолжение: