Насер Зибери, кандидат на ДУИ за премиер, а пред неколку дена тврдеше: „Таа идеја не е атрактивна“

ДУИ го номинираше Насер Зибери за кандидат на партијата за прв премиер Албанец. На конвенцијата во Преспа, Али Ахмети, соопшти дека одлуката за Зибери била донесена по обемни консултации со разни интелектуални и академски кругови.

Реков „да“ за кандидатурата затоа што оваа идеја е поголема од мене, таа е поголема од ДУИ. Не би ја прифатил ако не бев убеден дека станува збор за национален проект.

Но, само пред неколку дена во изјава за медиумите, Зибери оваа идеја на партијата на Ахмети ја оцени како партиска пропаганда и како непривлечна, особено за гласачите Албанци. Тој рече дека тоа би било можно само при договор со другите партии, што, во случајов, ДУИ го нема.

Слоганот за премиер Албанец не е голема идеја и не може да биде атрактивна за да се направи радикален пресврт на расположението на гласачите, особено на гласачите Албанци, така што не очекувам важен пресврт во овој поглед.

Целото ова барање кога се става во функција на предизборната активност, носи други димензии и честопати се става во негативна конотација, особено во опозициските партии, во партиите конкуренти со ДУИ. Ако една партија нема 61 место во Парламентот, мора да има политички договор, договор за коалиција со други субјекти.

Повеќе

Back to top button
Close