Насилници им се заканувале на скопјанец и неговата девојка, им ја искршиле колата со тврди предмети

24-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека попладнето во Карпош бил нападнат од двајца насилници кои му се заканувале нему и на неговата девојка и со тврди предмети му го оштетиле автомобилот.

„На 16.10.2025 во 18:45 часот во СВР Скопје, П.О.(24) од Скопје пријави дека околу 16:35 часот на подрачјето на Карпош, две лица упатувале закани кон него и неговата девојка, по што со тврди предмети му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен

Back to top button
Close