Насилниците кои фрлаа кучиња во река нема да одговараат, ОЈО Кавадарци ја отфрли кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Кавадарци ја отфрли кривичната пријава против две лица од селото Пепелиште кои се снимаа како фрлаат кучиња во реката Вардар.

Граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ поднесе кривична пријава против овие лица, наведувајќи дека „ваквите дејствија се крајно нехумани и се спротивни на природата и потребите на кучињата како вид, факт кој може да потврди и вешто лице од областа”, а воедно овие факти се и научно поткрепени со Кембричката декларација за свесност на животните, донесена на 7 јули 2012 година, како и член 2 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Back to top button
Close