Наскоро ќе овозможиме специјализантите да подготвуваат извештај со свое име и презиме, вели Таравари
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека преку „Мој термин“ наскоро ќе се овозможи специјализантите кои специјализираат на нашите универзитети, да имаат пристап да можат да подготват извештај со свое име и презиме.
-Наскоро преку „Мој термин“ ќе овозможиме специјализантите кои што специјализираат во сите наши универзитети на медицинските факултети, да имаат пристап и тие да можат да пдоготват извештај со нивно име и презиме. Очекуваме тоа наскоро да го направиме заедно со Лекарската комора, рече Таравари на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.
Директорот на Клиника за детски болести Реџеп Мемеди изјави дека на оваа Клиника има дежурни лекари специјализанти кои работат во тим, но напомена дека постои недостиг на кадар.
-На Клиниката за детски болести имаме дежурни лекари 24 часа, кои работат во тим, како во сите други специјални здравствени институции. Недостатокот на кадар постои и на нашата клиника, како и на сите други клиники. Министерството прави напори да се ублажи недостатокот на лекари, со новите вработувања. Во однос на зголемување на бројот на лекари специјалисти на дежурства, тоа е системски проблем кој треба да се решава. Специјализантите се лекари со лиценца и тие се компетенти да лекуваат пациенти, додаде Мемеди.