Наскоро можен договор за Брегзит

Ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени денеска изрази уверување дека во наредните денови има големи шанси да се склучи трговски договор меѓу Велика Британија и Европската унија.

– Време е да бидеме трпеливи и да му веруваме на Мишел Барние. Мислам дека ако го направиме тоа, имаме добри шанси да склучиме договор во следните неколку дена, рече Ковени.

Ирскиот дипломат е една од клучните фигури во преговорите за Брегзит во претходните години, а Барние е главниот европски преговарач за идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија.

Back to top button
Close