Наследникот на Генчовска: За Северна Македонија ќе усвоиме писмен документ со конкретни обврски

Привремениот технички министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, на денешната прес-конференција рече дека еден од приоритетите ќе бидат односите со Македонија.

„Непосредните задачи во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија вклучуваат усвојување на писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски“, изјавил Милков за БГНЕС.

Back to top button
Close