Настап на дувачкиот квинтет „Woodwind quintet Phil-harmonic Five“ во Тирана


Македонскиот Културно-информативен центар во Тирана ги претстави „Woodwind quintet Phil-harmonic Five“ од Скопје.
Како што информираат од КИЦ, синоќа во несекојдневна и пријатна атмосфера, во Гранд Паркот во Тирана, дувачкиот квинтет имал едночасовен концерт на отворено, каде се претставиле со дела од Хајдн и домашни автори (Љубомир Браноѓолица).

– Гранд Паркот во Тирана е место каде што после 18 часот попладне, излегуваат на прошетка голем број на жители. Огромниот парк од осум километри, во попладневните и вечерните часови, за разни видови релаксација го користат голем број посетители. Овој простор важи за место каде тиранчаните зборуваат за духовните нешта во овој град и свет. Овој парк е на некој начин духовно светилиште каде се случуваат безброј концерти, театарски престави, изложби, стои во соопштението од КИЦ.

Back to top button
Close