Наставниците во Њујорк од денеска мора да бидат вакцинирани

 Наставниците и училишниот персонал во Њујорк од денеска треба да се вакцинираат против Ковид-19.

Претседателот на Обединетиот синдикат на наставници, Мајкл Малгру рече дека 97 проценти од членовите на неговиот синдикат примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио во петокот предупреди дека 148.000 луѓе вработени во училиштата мора да бидат вакцинирани за да не добијат неплатено отсуство или прекин на работата.

Според него, 90 проценти од вработените во Министерството за образование примиле барем една доза од вакцината, вклучувајќи 98 проценти од директорите на училиштата. п

Back to top button
Close