Наташа Габер-Демјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Наташа Габер-Демјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер-Демјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата.

фото фокус мк

Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа за, пет против и еден воздржан и судијата Андреј Димовски за кого имаше девет гласа против. За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше, поради не исполнување на условите

Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година

Back to top button
Close