НАТО ќе бара комуникациски канали кон Русија, најави Столтенберг

Според генералниот секретар на Алијансата, односите со Русија сега се на најниско ниво од студената војна, што не е причина да нема дијалог

 

Алијансата мора да продолжи да разговора со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, откако Москва ја затвори својата мисија поради „шпионскиот спор“.

„Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниско ниво од студената војна. За нас, тоа не е причина да немаме дијалог“, рече Столтенберг на прес -конференција.

 

Back to top button
Close