НАТО го осуди нападот на Иран врз Израел
НАТО го осуди нападот на Иран врз Израел во текот на ноќта како „ескалација“ на регионалните немири и повика на воздржаност од сите страни.
„Ја осудуваме ескалацијата на Иран, повикуваме на воздржаност и внимателно го следиме развојот на настаните. Од витално значење е конфликтот на Блискиот Исток да не излезе од контрола“, рече портпаролот Фарах Даклала.