НАТО: Северна Македонија се приклучи и е претставена во Алијансата под нејзиното уставно име

НАТО знамиња / Фото: Janine Schmitz / imago stock&people / Profimedia

Северна Македонија влезе во НАТО под нејзиното уставно име и е претставена во Алијансата под тоа име, рече претставник на НАТО, по предизвикот на Гордана Сиљановска, која положи заклетва како претседател на „Македонија“, како што ја нарече нејзината земја, што предизвика бурни реакции, објавија медиумите во Грција.

Запрашан за настанот, функционерот на НАТО истакна дека Договорот од Преспа го отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО и придонесе за добрососедски односи, кои е важно да се одржуваат меѓу сојузниците. Конкретно, претставникот на НАТО рече:

„Северна Македонија е вреден сојузник на НАТО и значително придонесува за нашата колективна безбедност. Ова ги вклучува војниците распоредени во нашата мисија КФОР на Косово, советодавната мисија и градење капацитети во Ирак и мултинационалните борбени групи на НАТО во Летонија, Бугарија и Романија. Договорот од Преспа го отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО и придонесе за добрососедски односи, кои е важно да се одржуваат меѓу сојузниците. Северна Македонија влезе во Алијансата под уставното име и е претставена во НАТО под тоа име, стои во цитатот на неименуван извор од Алијансата на кој се повикуваат грчките медиуми.

Back to top button
Close