НATO утре ќе ги посети полигоните командантот на копнената команда на алијансата е во Бугарија

Началникот на одбраната на Бугарија адмирал Емил Ефтимов се сретна со командантот на копнената команда на НАТО, генерал-потполковник Роџер Клутиер, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата разговарале за прашања поврзани со мерките за зајакнување на одбранбениот потенцијал на НАТО во Источна Европа поради војната во Украина.

Генерал-полковник Роџер Клутиер ја поздрави одлуката на Бугарија да изгради борбена група на Алијансата и разговараше за можностите другите нации да учествуваат во неа за да се зголеми обуката и интероперабилноста на сојузниците.

Командантот на Копнената команда на НАТО утре ќе ги посети бугарските воени формации и полигони, каде ќе се запознае со состојбата на нивните можности и можностите за изведување заеднички вежби.

Back to top button
Close