НАТО загрижен за руските активности на украинската граница

НАТО денеска изрази загриженост за акумулирањето на персонал и опрема на руската армија во близина на украинската граница.

На состанокот на амбасадорите на НАТО, на кој се разговорало за неодамнешното зголемување на насилството во источна украинска област Донбас, официјален претставник на Алијансата за британските медиуми кажа дека Москва ги поткопува мировните напори во источна Украина.

-Сојузниците ја споделија својата загриженост за неодамнешните големи воени активности на Русија во и околу Украина. Сојузниците се загрижени и за руските прекршувања на примирјето договорено во јули 2020 година, што минатата недела доведе до смрт на четворица украински војници. Руските дестабилизирачки акции ги поткопуваат напорите за деескалација на тензиите, изјави неименуваниот претставник на НАТО.

Back to top button
Close