Научниците од Пентагон развија поткожен имплант кој што може да детектира КОВИД-19

Научниците од Пентагон развиле високотехнолошки имплант што може да се стави под кожата со цел да се открие Ковид-19. Тајната агенција за напредни истражувања на одбраната (ДАРПА) успеа да создаде „сензор“ што може да се стави во нечие тело за да открие смртоносниот вирус, заедно со револуционерен „филтер“ за отстранување на Ковид од крвта.

Пензионираниот полковник Мет Хепберн, армиски доктор за инфективни болести, објаснил како функционира тоа, кога бил регрутиран од ДАРПА пред осум години и му било речено „да ги тргне пандемиите од дневен ред“.

Хепберн вели: “Тоа беше убавината на моделот ДАРПА. Ние ја предизвикуваме истражувачката заедница да излезе со решенија што може да звучат како научна фантастика. И ние сме многу подготвени да ги искористиме шансите со инвестиции од висок ризик кои можеби нема да успеат. Но, ако успеат, можеме целосно да ја трансформираме сликата “.

Тој покажал гел сличен на ткиво, кој е направен за континуиран тест на крвта.

„Тоа е сензор, тоа мало зелено го ставате под вашата кожа и она што ви кажува е дека има хемиски реакции во телото и тој сигнал значи дека ќе имате симптоми утре”.

На прашањето дали станува збор за „вистински предавател“, Хепберн додаде: „Тоа е како светло за „проверка на моторот “.

„Можеме да ги имаме тие информации за три до пет минути и за тоа време може да се детектира и запре инфекцијата“ вели тој.

ДАРПА – која беше создадена за време на Студената војна пред повеќе од 60 години – исто така смисли револуционерен филтер кој може да се закачи на машина за дијализа за да се отстрани вирусот.

Хепберн рече дека едноставно се става филтерот на машината за дијализа за да се „помине нечија крв“, што потоа „го вади вирусот и ја враќа крвта прочистена“.

Според Си-Би-Ес, Ковид-19 заразил повеќе од 250.000 лица од Министерството за одбрана и нивни блиски лица низ целиот свет.

Бидејќи бројот на жртвите сè уште продолжува да расте, Пентагон започнува со програми кои можат да помогнат да се спасат животи.

Back to top button
Close