Наумоски: Ме чуди како цела плејада зелени и леви активисти не гледаат проблем со јавниот превоз

Проблемот со јавниот превоз не само што не престанува, туку и се продлабочува! Скопје тоне секојдневно и, ако не му се даде итен лек, градот ќе колабира без јавен превоз!“, реагира во објава на Фејсбук, активистот Никола Наумоски, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

„Највеќе ме зачудува како нема ТВ дебати за прашањево, како цела плејада зелени и леви активисти не гледаат проблем што загадувањето се зголемува без јавен превоз, или дека посиромашните Скопјани патат што претседателката на стопанската комора си го мери инаетот со сопственикот на неколку хидро централи, додека тие немаат како да стигнат на работа/школо/доктор. Левица, ЗХГ, ШЗЦ, Независни за Карпош, НаТочак, Институт за Комуникациски Студии, СпасЗаОваМаало, СпасЗаОнаМаало… никој нема зуцнато за јавниот превоз! Леви ли се? Зелени ли се?“, вели Наумоски.

За лажните вести со бугарите летоска организираа протести со вергини, а за прашањата за кои што се формирани нивните организации нигде ги нема, нагласува Наумоски

 

Back to top button
Close