Наутро студено, попладне температури до 25 степени

Времето во Македонија наутро е студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 20 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика до сабота дневната температура да биде пониска за неколку степени. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

0

Back to top button
Close