Наутро ведро и посвежо, преку ден сончево

Денеска ќе утрото ќе биде ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 31 степен.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста

Back to top button
Close