Навални ќе се лекува во Германија, состојбата му е стабилна, но тешка

– Авион за итни медицински потреби полета од Германија за Русија за да го транспортира лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, кој од вчера е хоспитализиран и се наоѓа на интензивно лекување откако претрпе претпоставено труење.

Спасувачкиот авион бил испратен од баварскиот град Нирнберг во 3.11 часот, јави германскиот дневен весник „Билд“.

Руските лекари проценуваат дека во моментот состојбата на рускиот блогер и лидер на опозицијата Алексеј Навални е стабилна, но тешка, соопшти синоќа Министерството за здравство од регионот Омск, додавајќи дека специјалисти од Москва денеска ќе дојдат во Омск на продолжена консултација.

„Неговата состојба во моментот лекарите ја оценуваат како стабилна, но тешка“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Според Министерството, се одржале телемедицински консултации со водечките федерални центри.

„Договорени се тактики на лекување и испитување“, се додава во соопштението, пренесено од руските медиуми.

Заменик директорот на болницата во Омск, во која Навални се наоѓа во моментов, Анатолиј Калиниченко одби да шпекулира со можната причина за болеста, изјавувајќши само дека во моментов се спроведуваат истражувања, без наведување на дијагнозата.

-Тоа е најмногу што можам да ви кажам, изјави Калиниченко во видеото епитувано на каналот TV Реин, близок до политичката опозиција во Русија.

Шефот на германска невладина организација соопшти дека берлинската болница „Charite“ е подготвена да го лекува Навални.

-Авионот, што се очекува да го доведе Навални од рускиот град Омск до Берлин, полета со медицинска екипа, изјави филмскиот продуцент Јака Бизил за ДПА, додавајќи дека успеале да ги добијат сите потребни одобренија за трансферот.

„Се очекува Навални денеска да пристигне во Германија на лекување во болницата „Charite“ во Берлин. Трошоците за летот и за лекувањето ќе бидат платени од приватни извори“, додаде Бизил.

Германската канцлерка Ангела Меркел побара од Русија брзо разјаснување на околностите под кои се случило претпоставнеото труење.сд/

Back to top button
Close