Навални отруен со новичок?
Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, веројатно бил отруен со супстанца од класата на инхибитори на холинестераза, велат лекарите од болницата во Берлин. Во овие супстанци, како што објави Дојче Веле, спаѓа и отровот новичок.
Тимот на лекари кои го лекуваат Алексеј Навални објави дека на рускиот опозиционер најверојатно му е даден нервен отров. Тоа е сè уште непозната супстанца од класата на инхибитори на холинестераза. Случајот потсетува на нападот на двојниот агент Сергеј Скрипал во Лондон пред две години, кога беше искористен отровот новичок.
Овој нервен токсин предизвикува верижна реакција на протеините, кој ако не се излечи, може брзо да доведе до смрт. Новичок го блокира производството на ензимот холинестераза, што е забележано и кај Навални.
Холинестеразата е важна во метаболизмот за распаѓање на невротрансмитерот ацетилхолин. Оваа супстанца има улога во будењето или задржувањето на вниманието. Ако ацетилхолинот повеќе не се разградува, тоа предизвикува нервниот систем да биде бомбардиран со неинхибирани дразби. Патеките за пренесување на сигналот во овој случај се целосно преоптоварени и се однесуваат лудо.
Информациите потоа се пренесуваат од нервите на телесното ткиво, мускулите и органите, што доведува до зголемени проблеми со плунката и дишењето, затоа што пациентот веќе не може да ги контролира респираторните мускули самостојно. Парализата и конвулзиите може да бидат фатални доколку труењето трае премногу долго.
Лекарите најпрво мора да го спречат пациентот да се задуши поради грчевите на респираторните мускули. Поради тоа, Навални бил веднаш ставен на вештачка вентилација.
Како противотров, лекарите користат атропин, алкалоид пронајден во Atropa belladonna (Atropa belladona, отровно растение популарно познато како луда трева, волчја цреша или кучешка јагода). Атропинот практично ги зафаќа рецепторите на ацетилхолин во клетките и со тоа го ослабнува ефектот на бомбардирање на ацетилхолин.
Третманот мора да се продолжи се додека холинестеразата во телото не започне повторно да функционира. Затоа, лекарите во овој случај обично му даваат на пациентот друга активна состојка наречена пралидоксим, со цел да се стимулира повторното производство на холинестераза.