Навивачи на грчкиот тим „Паок“ предизвикале инцидент во центарот на Скопје

Попладнево, во строгиот центар на главниот град Скопје, група навивачи на грчкиот тим ПАОК предизвикале инцидент пишува Канал 5.

Според сведоштва на граѓани, групата се симнала од тимскиот автобус кај Рекорд, по што се упатиле кон плоштадот. Попатно, вербално и физички нападале машко лице кое на себе носело дрес од македонски клуб, а потоа вербално нападнале вработена во една од продавниците во центарот.

Од МВР за „360 степени” потврдуваат дека добиена е пријава за нарушување на јавен ред и мир, а повеќе детали најавија по целосно утврдување на случајот. Како резултат на пријавата, има зголемено полициско присуство на прометната сообраќајница во центарот на Скопје позната по локалот „Рекорд“.

Неофицијално, поради брзата реакција на полицијата која ја изолирала групата и ја испратила до автобусот, бил избегнат посериозен инцидент. Навивачите најверојатно биле дојдени во Скопје, за да присуствуваат на натпреварот помеѓу женските ракометни тимови на Металург и ПАОК.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close