Навивачи на Силекс ќе одговараат, извикувале навредливи слогани на натпревар против Шкупи

Шестмина навивачи на фудбалскиот клуб Силекс ќе добијат прекршочни пријави откако, според полицијата, извикувале навредливи слогани на натпревар во Кратово против тимот на Шкупи.

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави“, пишува во полициското соопштение.

Back to top button
Close