(ВИДЕО) Навивачите на Шкендија со националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида за време на натпреварот со Карабах.На трибините беа од „политичкиот крем“ на Албанците

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше по националистичките и вулгарни испади на навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Ова не е прв испад на навивачите на Шкендија. Тие пред неколку месеци за време на едноминутниот молк на натпреварот против Брера, а во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, упатуваа свирежи и скандираа за УЧК.

Натпреварот од трибините го следеа сопственикот на Шкендија бизнисменот и сопственик на познатата фирма Еколог, Љазим Дестани. Тој беше помеѓу Ахмети и Таравари од едната и Гаши и Меџити од другата страна. Вчера со соопштение на спортско навивање без недолични и националистички скандирања повика сопственикот на Шкендија.

Инаку, Шкендија го загуби натпреварот од Карабах со 1:0.

Back to top button
Close