Наводнувањето со вода за пиење предизвикува прекини во снабдувањето во Струмица

– Со мотото „Стоп за користење на водата за пиење за наводнување“, ЈПКД „Комуналец“ апелира до граѓаните да не ја користат водата за пиење за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворовите, бидејќи доаѓа до прекин на водоснабдувањето.

-Водата за пиење претставува скапоцен ресурс и затоа апелираме до граѓаните да не ја користат за наводнување, особено во летниот период, бидејки капацитетот на резервоарите за вода не е предвиден за наводнување, туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата, стои во апелот на „Комуналец“.

Додаваат дека во руралните средини заради тоа се јавува недостиг од вода за домаќинствата и затоа бараат од граѓаните совесно однесување.

Back to top button
Close